Поларни температури во Македонија: Во Берово измерени - 15 степени, Скопје -11
Минус петнаесет степени се измерени изутринава во Берово, каде беше најстудено во Македонија. Во Скопје Петровец се измерени - 11 степени, во Куманово, Крива Паланка и Прилеп се измерени - осум, во Дебар и Скопје на Зајчев Рид - 7 степени, во Гевгелија, Виница, Лазарополе, Претор, Охрид, Маврово - 6, во Крушево - 5, во Тополчани -4, во Пожаране и Ѓуриште - 3 и во Дојран - 1 степен.
Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена локална облачност, каде ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст. Од средината на наредната недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.
Ново на Сител
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје