-->
-->
Пол позиција за Лоренцо за атак на Роси!!!
-->

Драмата за новиот шампион во Мото Џи Пи е потврдена на денешните квалификации за ГН на Шпанија што утре се вози во Валенсија. Првиот чекор го направи Хорхе Лоренцо со освојувањето на пол позицијата од каде ќе ја нападне предноста од 7 бода на Валентино Роси кој поради казната заработена по трката во Сепанг, ќе стартува од последната позиција и има навистина тешка задача да ја задржи предноста од седум поени.
Лоренцо постави нов рекорд за најбрз круг во Валенсија и со тоа го освои првото место во квалификациите пред Маркез и Педроса, додека Роси имаше непријатен момент во втората квалификациска сесија кога падна при влез во една од кривините, но за среќа мина без посериозна повреда. Утрешното „големо финале“ започнува од 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
