Покрената истрага против „Рено“ за испуштање на штетни гасови
Француските власти почнаа истрага против производителот на автомобили „Рено“ за испуштањето на штетни гасови.
„Рено“ е осомничен за „измама“ на резултатите од тестовите за штетни гасови кои ги испуштаат дизел моторите.
Акциите на „Рено“ на Париската берза денеска драстично опаднаа за четири проценти по информацијата за покренатата истрага.
Германската автомобилска индустрија „Фолксваген“ во средата постигна договор „тежок“ 4,3 милијарди долари со американски регулатори за решавање на проблемот со прекумерната емисија на издувни гасови од дизел мотори, а планира да се изјасни како – виновен.
Трошоците за решавање на тој проблем надминале предвидени речиси 18,2 милијарди евра односно 19,2 милијарди евра. Од компанијата истакнуваат дека во следните три години ќе бидат под независен надзор.
Спогодбата за признавање на вината ќе треба да биде одобрена од американски сојузен судија.
Во 2015 година „Фолксваген“ призна дека во своите автомобили со дизел мотори вградил софтвер што покажувал лажни податоци за емисија на издувни гасови. Во САД продале половина милион спорни автомобили. Подоцна Фолскваген призна дека тоа е случај со 11 милиони возила ширум светот.
Спогодбата нема да ја прекине истрагата и постои можност подигнување казнени пријави за извршните директори на групацијата. Компанијата веќе се согласи да плати околу 17,5 милијарди долари за да се решат цивилни тужби.
Ново на Сител
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-
Мора да наоѓаме решенија за развој - Сиљановска Давкова за договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство