„Покемон Го“ ќе ги наградува играчите за Денот на планетата Земја
На 22 април, играчите на „Покемон Го“ ќе добијат награди во играта ако собираат смет. Ова го објави креаторот на хит мобилната игра - „Ниантик“.
Специјалниот настан е посветен на Денот на планетата Земја и е организиран во соработка со невладини организации од целиот свет, за да се охрабри позитивното однесување кон нашата средина.
Играчите ќе треба да се обединат со други фанови на играта и колку повеќе луѓе се соберат на едно место и чистат заедно, толку поголеми ќе бидат наградите.
Правилата на настанот се следниве: „Сите ќе добијат пристап до посебен предмет за своите аватари во чест на Денот на планетата Земја и оние кои работат заедно, за да учествуваат во чистењето, организирано ширум светот, ќе отклучат уникатни награди во играта за апсолутно сите низ целиот свет“.
Бонусите ќе вклучуваат повеќе „stardust“ при фаќање на Покемон, направен од земја, вода или трева, а шансата ќе се зголеми тројно ако повеќе од 3.000 луѓе се вклучат во настаните. Тие ќе бидат 37 во 12 земји ширум светот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки