Покажа колку сме лесноумни кога здравјето е во прашање: Им ветил еликсир на младоста, а всушност им го продаваше ова
Ако некогаш ви требал доказ дека луѓето ќе издвојат голема сума на пари за било што се смета за здраво, сега го имате пред себе. Уметник од Ванкувер продавал вода за варење на виршли на уличен фестивал, и луѓето тоа го купувале.
Даглас Беванс продавал шишиња вода со виршли под називот "Hot dog water", по цена од 38 долари за парче.
Како што вели, сварил околу 100 органски виршли, а потоа водата во која се вареле ја ставил во шишенца. Така подготвениот напиток го продавал на еден уличен фестивал.
Едно шише од нефилтрираната вода ја продалва за 38 долари, додека две чинеле „само“ 75 долари поради неговата „специјална понуда“ во недела.
Канаѓанецот на луѓето кои го купувале напитокот им ветувал исклучителни здравествени бенефити, како што е зголемување на функциајта на мозокот, слабеење и младешки изглед, бидејќи таа вода била добар извор на електролити, богата со натриум и без глутен.
Беванс на крајот откри дека продал вкупно 60 литри вода. Многумина коментираа дека со тоа се докажува „колку луѓето може да испаднат будали“.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола