-->
-->
Погребана баба Дешка: Застанала пред пушката и примила куршум штитејќи ја својата внука Милица!
-->
Дешка Мишиќ (82) од Кнежиќ во петокот била убиена додека ја штитела својата внука Милица од комшијата Горан Илиќ (45).
Храбрата баба кога видела дека Горан испукал куршум од ловачката пушка застанала пред нејзе и го примила вториот куршум наменет за Милица.
Милица која сеуште се бори за живот во болницата во Ниш, не знае дека нејзината баба е мртва.

- Многу ми е жал за свекрвата, премногу ја сакаше Милица и животот го даде за нејзе. Штом Милица ќе посакаше нешто, Дешка веднаш трчаше во продавницата да и донесе. Премногу беа поврзани, не знам како Милица ќе го поднесе тоа дека нејзината баба е убиена. Утрото кога се разбуди веднаш праша за нејзината баба, не смеевме да кажеме дека денес ја погребуваме - вели мајката на Милица.
Што го натерало Горан да ги убие своите комшии и понатаму со сигурност не се знае. Постојат гласини дека мотив е неговата несреќна љубов кон Милица, но нејзиниот татко вели дека за тоа тој не знаел.

- Тој во нашата куќа доаѓа 30 години. Роднини сме и нормално дека не доаѓаше во обзир да има со Милица било што. Една комшика пред неколку години ни кажа дека тој е заинтересиран за Милица но ние тоа го нарековме само озборување. Нашата ќерка има дечко веќе пет години, премногу се сакаат, со Горан немала никаков однос - вели Драгослав.

Горан Илиќ, по нападот се самоубил и ќе биде погребан утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Важно е да имаме убаво место за живеење | Каја Шукова | Неформално | Sitel Podcast 110
-
ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори
-
Документарен филм ,,Што ја гуши Преспа?”
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа