Поголема финансиска помош од државата за децата од СОС Детско село

Државата финански ќе помага и поддржи 28 деца и млади на 14-годишна возраст без родители и родителска грижа сместени во четири станбени единици за организирано живеење со поддршка.
За реализација на оваа помош и поддршка денеска беше потпишан Меморандум меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село.
За оваа намена МТСП ќе издвојува по три милиони денари годишно. Претходно кон крајот на МТСП и Владата се обврзаа на целосна финансиска подршка на сите СОС згрижувачки семејства, тогаш вкупно 12, за што се издвојуваат околу шест милиони денари годишно.
- Со потпишувањето на денешниот Меморандум, ја надградуваме и интензивираме досегашната соработка во делот на згрижување на деца и млади над 14-годишна возраст преку формата на вонинституционална заштита - организирано живеење со поддршка за деца без родители и родителска грижа. При тоа МТСП ќе ги надоместува месечните трошоци за 28 деца и млади сместени во четири станбени единици за организирано живеење со поддршка, рече по потпишувањето на Меморандумот министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Додаде дека најголемо добро кое може да се направи за едно дете кое не по своја вина останало без родителска грижа и љубов е да му се дозволи да живее и расте со чувство на заедништво и припадност. Токму таа грижа заснована на семеен модел, рече, им овозможува да се оформат во здрави личности кои утре ќе бидат потготвени целосно да ја преземат контролата и одговорноста за сопствениот живот.
- Затоа како Министерство за труд и социјална политика кое ја има должноста да им го подобрува животот на овие деца, силно ја подржуваме формата на згрижувачко семејство, бидејќи таа е најхуманата, најсоодветната форма до биолошките семејства кои што нудат вистинска грижа и заштита на децата без родители и без родителска грижа и на децата со пречки во развојот, потенцира Спасов.
Тие, рече, можеби ја немаат родителската грижа, но не имаат сите нас, како поединци, институции и државата. - На нивниот животен пат не ги оставаме сами. Со низата проекти и иницијативи, секогаш ќе бидеме тука за нив, потенцира министерот Спасов.
Според него, потврда за заложбите за што поголем број на згрижувачки семејства, а и за поголеми можности за оние 180 згрижувачки семејства кои веќе згрижуваат 296 деца е и зголемувањето на паричниот надоместок за згрижување деца без родители и родителска грижа за 25 проценти.
Соработката со СОС Детско село препознаена како установа за долгорочна грижа, според министерот за труд и социјална политика, е многу пати потврдена и реализирана низ различни форми и начини.
Јулијана Гапо, национален директор на СОС Детско истакна дека овие младинци веќе имаат предуслови да бидат успешни, со оглед на, како што рече, поддршката што оваа институција ја дава, но и мерките кои ги реализира Владата на Република Македонија.
Овој начин на вонинституционално згрижување на децата, потенцира, треба да овозможи квалитетна грижа по стандардите и практиките кои се меѓународно прифатени како најсоодветни и најдобри за децата.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
