Погодени две училишта на ОН во Газа
Две училишта на Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) во централниот дел на Појасот Газа синоќа беа погодени и има повредени, соопшти агенцијата.
Во соопштение објавено на платформата X, се додава дека има и повредени во одделен напад кога училишна зграда во Рафа на југот од палестинската енклава претрпе колатерална штета откако беше погодена зграда во близина.
„Две училишта на УНРВА беа директно погодени, предизвикувајќи штети на зградите и повреди на луѓето кои се засолниле таму. Училиштето во Рафа претрпе колатерална штета, а луѓе беа повредени по нападот на блиската зграда“, се вели во соопштението.
Советот за безбедност на ОН синоќа усвои резолуција со која се повикува на хуманитарна пауза во борбите во Газа и поголеми напори за да се овозможи испорака на хуманитарна помош на територијата зафатена од конфликтот.
Резолуцијата, предложена од Малта, повикува и на итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и другите групи.
Документот, исто така, бара од сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право и го повикува генералниот секретар на ОН да следи и да известува за нивно спроведување.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
