-->
-->
Погледнете како изгледа зимска идила на Марс: Невидена глетка од Црвената планета
-->
Новооткриената фотографија на Европската вселенска агенција (ESA), дава прекрасен изглед на кратер полн со мраз на Марс, кој потсетува на голо око.Научниците од ЕЅА ја споделиле фотографијата од Кратерот Королев, со должина од 82 километри и кој е исполнет со мраз кој достигнува длабочина до нешто повеќе од 3 километри.
Каков тип на уред може да ја направи оваа фотографија? Во овој момент, единствени кои го истражуваат подрачјето на Марс се роверите со ограничен географски опсег, кои ја истражуваат површината од висок степен на Марс.
Сепак, оваа фотографија изгледа како да е направена од прзорец на авион кој лета низ атмосферата на Црвената планета.
Рамните сателитски фотографии на ЕЅА се поставени преку постоечките топокрафски податоци. Движењето во перспективата на истражувачите им дава поинтимен поглед на Марс. Наместо бели точки на дводимензионална мапа, полесно е да се разбере како навистина изгледа Црвената планета.
„Марс експрес“ го фотографирал Королев со својата стерео камера во висока резолуција, способна да снима предмети со големина од десет метри.
Кратерот е именуван според ракетниот инженер и дизајнер Сергеј Королев, архитект на советската вселенска програма. Тој работел на првите мисии на Месечината, Марс и Венера, како и на програмата Спутник, која го лансираше првиот вештачки сателит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
