Погледнете ја новата куќа на Големиот брат

Подготовките за новата сезона на Големиот брат се во полн ек, а овие денови се финализираат работите во куќата во која повеќе од 100 дена ќе биде нов дом за кандидатите од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.


Преку 50 камери и 5 микрофони ќе бидат поставени на површина од 2000м квадратни, колку што е површината на оваа куќа сместена во Белград. За да помине се како што треба ќе се грижи тим од дури 200 луѓе.
Луксузот во куќата нема да недостига, но тој ќе треба да се заслужи. Некои кандидати ќе уживаат во базенот, додека други нема да го имаат тој раскош, па уште отсега не се сомневаме дека не очекува врвна забава пред малите екрани.

Најпознатиот реалити формат на Ендемол за гледачите подготвува многу новитети. Задачите ќе бидат возбудливи, ќе има многу изненандувања, и нема да недостасуваат моменти кои долго ќе се памтат.
До 2014 година форматот Големиот брат е емитуван во повеќе од 70 земји.


Возбудувањата, искечувањата и огромната таинстевеност својствени за ова единстевно реалити ни пристигнуваат оваа есен на Сител.

Ново на Сител
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
