Македонија
9. July 2015 - 13:14

Поглаварите на ИВЗ на Македонија, Албанија и Косово на ифтар во Дебар

Во организација на Дебарското муфтиство синоќа во Дебар на ифтар присуствуваа поглаварите на исламските верски заедници на Македонија, Сулејман Реџепи, на Албанија Скендер Бручај и на Косово, Наим Трнава.

Претставниците на исламските верски заедници на Македонија, Албанија и Косово оценија дека овој рамазански ифтар е од големо значење.

- Дебар и порано и сега знаел да ги почитува верските чувства и дал голем придонес во оваа насока. Овие ифтари покажуваат дека има потреба од повеќе дружење и од повеќе заеднички активности. Дебар, бил и останал голем зашто умее да придонесе во насока на развојот на заедништвото во секој поглед, истакна дебарскиот муфтија Рамазан Хаса.

На ифтарот присуствуваа и муфтиите и претставници од 13-те муфтиства колку што функционираат во Македонија, дебарскиот градоначалник Ружди Љатам, кој е поранешен муфтија, како и градоначалниците на Центар Жупа, Ариан Ибраим и на Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди.