-->
-->
Погба ја прекина серијата од десет натпревари без погодок и му донесе победа на Јунајтед
-->
Францускиот репрезентативец Пол Погба беше двоен стрелец за Манчестер јунајтед во победата над Вест Хем со 2:1. За фудбалерот од средниот ред на тимот од „Олд Трафорд“ ова беа први погодоци по пауза од десет натпревари или вкупно 964 минути.
Погба се запиша во листата во 19.минута и 80.минута, два гола ги даде од пенал. За гостите од Лондон погоди Андерсон во 49.минута.
Резултати на другите саботни натпревари од 34.коло во Премиер лигата:
Тотенхем – Хедерсфилд 4:0
Брајтон – Бурнмут 0:5
Барнли – Кардиф 2:0
Фулам – Евертон 2:0
Саутемптон – Вулвс 3:1.
Табела: Ливерпул 82 бода (33 натпревари), Манчестер сити 80 (32), Тотенхем 67 (33), Челзи 66 (33), Манчестер јунајтед 64 (33), Арсенал 63 (32), Лестер 47 (34).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства
-
Преглед на вестите од светот