Поевтинуваат сите горива
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,3 отсто во споредба со претходната одлука.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 69,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,583 денари
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,671 отсто, кај дизелот за 2,639, кај екстра лесното масло за 6,774 и кај мазутот за 1,701 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3392 отсто.
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините