Поевтинуваат бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05% во однос на одлуката од 18.4.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,118%, кај дизелот за 2,823 %, кај екстра лесното масло за 2,702% и кај мазутот има зголемување за 1,511%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,713%
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, додека
малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 21.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,409 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.4.2023 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението на РКЕ.
Ново на Сител
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
