ПОЕН: Остануваме во коалицијата предводена од СДСМ, која е авангарда на идејата за Едно општество

Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“ се залага преку своето политичко дејствување, да придонесува во создавањето на такви општествени односи во земјата во кои граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да живеат во безбедна, стабилна и просперитетна држава во која ќе владеат социјален мир, ред и поредок, со воспоставени стандарди на мултикултурното општество, засновано врз стабилни интеркултурни односи, со демократски политички систем, со владеење на правото и со почитување на темелните човекови права, слободи и достоинство.
Во изминатиот период ПОЕН се профилира во јавниот и политичкиот простор како партија која најмногу се истакна кон конципирање на Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализам, која во суштина е прва ваква стратегија за развој на интеркултурализмот во Европа, а втора во Светот. Стратегијата која директно и во срж ги разбива политиките на поделено општетсво, по која беше препознатлива нашата земја се до 2017 година, ги доби највисоките пофалби во меѓународната заедница, и силно придонесе кон доближување на Република Северна Македонија пред портите за започнување на преговорите за членство во ЕУ.
Токму поради овие суштински вредности во нашето општество Партијата за општествен и економски напредок, стои цврсто во коалицијата предводена од СДСМ, која е авангарда на идејата за Едно општество.
Базирајќи се на овие принципи владината коалиција предводена е СДСМ е стабилна и работи исклучиво во интерес на сите граѓани и напредок на нашата земја во современа, мултикутурна држава, членка на НАТО и Европската Унија.
Република Северна Македонија продолжува напред, со стабилна Влада и демократски развој, во патот на североатланските интеграци.
Апелираме до граѓаните на 31 октомври масовно да излезат и гласаат за кандидатите за градоначалници на СДСМ и коалицијата, со цел да нашата земја продолжи по патот на стабилноста и општествената кохезија, кон полноправното членстово во ЕУ. За постигнување на овие цели досега сме поминале многу тежок и трновит пат, но сите заедно ќе успееме, како што и успеавме да станеме членка на НАТО.
Проф. д-р Рубин Земон, претседател на Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
