-->
-->
Подољак: На Украина и се потребни 300, а не само три- четири ракетни системи
-->
– На украинските власти ќе им требаат околу 300 системи на повеќецевни ракетни фрлачи од западните земји, изјави советникот во кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Михаил Подољак, за британскиот весник „Телеграф“.
Подољак додаде дека во моментов околу 90 отсто од загубите во борбите се предизвикани од руската артилерија, која е значително посупериорна во однос на украинската, пренесува агенцијата Тасс.
Претходно, британски „Тајмс“ објави дека Велика Британија ќе испрати три системи на повеќецевни ракетни фрлачи М270, барем како првична испорака.
САД, од своја страна, ќе испорачаат најмногу 10 вакви системи на Украина, наведува руската агенција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља