Подобрени условите во Посебното основно училиште Иднина
Подобрени услови и комплетно молерисување на просториите, училниците, ходниците, ентериерот и помошните простории доби Посебното основно училиште Иднина.
- Да се биде денес тука има непроценливо значење затоа што, искрените емоции на лицата на овие деца и благодарноста што ја искажуваат, е важна лекција за секој поединец и посебно компанија што работи во истата оваа заедница, изјави генералниот директор на Неотел, Трајче Черепналковски.
Своето задоволство за донацијата децата ја изразија и со доделување благодарници.
- Оваа донација ни помага за сестрана грижа кон учениците, а гестот да се израдуваат децата со подароци воочи Светскиот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември, зборува за хуманиот аспект на компанијата Неотел како општествено одговорна која има чувство за ранливите категории во социјалната заедница, изјави Анета Петровска, директор на ПОУ Иднина.
Во училиштето се згрижени околу 115 деца, а училишниот објект лоциран во Општина Чаир е изграден во 1963 година и располага со капацитети за едукација и подобрување на физичката и менталната состојба на децата од основно училиште кои се со посебни потреби.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено