Поднесено обвинение за тешка кражба во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – тешка кражба што ја извршил со обивање на автомобил во близина на полициската станица Бит Пазар, при што украл предмети во вредност од 50 илјади денари.
-Обвинетиот 47-годишник, на 28 март, со провалување во патничко моторно возило Ауди на булеварот „Никола Карев“ зад полициската станица „Бит Пазар“ одзел пари, банкарски картички, две службени легитимации од МВР и картичка за влез во МВР, како и други предмети во вкупна вредност од 50.000 денари. Кога ја забележал оштетената како ја остава чантата на задното седиште и го заклучува автомобилот, обвинетиот употребил апарат за блокирање на сигналот и системот за затворање, со што спречил да се заклучи вратата на автомобилот. Кога оштетената се оддалечила тој влегол во автомобилот, ги одзел наведените предмети и избегал, соопштија од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола