Поднесено обвинение против возачот кој ја прегази Фросина Цековска
Основното јавно обвинителство - Скопје, поднесе обвинителен акт против Љ.В. роден 1989 година, како сторител на сообраќајната несреќа која се случи на 3-ти април годинава на бул.„Партизански Одреди“ во близина на крстосницата со ул.„Костурски Херои“ во Скопје, во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Осомничениот од страна на Обвинителството се товари дека сторил две кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Обвинителниот акт е поднесен врз основа на добиените резултати од истражната постапка која беше спроведена по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје. Во текот на истрагата врз основа на пронајдените материјални траги – остатоци од ДНА профили се утврди идентитетот на сторителот на оваа сообраќајна незгода, кој критичниот ден го управувал патничкото моторно возило „Хонда Прелуде“ СК 3611-АГ по бул. „Партизански Одреди“ во близина на Универзална сала, каде се случила предметната сообраќајна незгода. Трагите се поклопуваат со ДНА профилот од лицето кое во полициската станица, се пријавило како сторител на овој кривично правен настан, информираат од Обвинителството.
- Во текот на истрагата врз основа на Вештиот наод и мислење изработено од стручна институција - Биро за судски вештачења се утврдија пропустите во однесувањето на осомничениот во сообраќајот кои придонеле за случување на сообраќајната несреќа. Односно, утврдено е пречекорување на брзината со кое е управувано возилото, како и непосветување на должно внимание од страна на осомничениот при приближување кон крстосница со означен пешачки премин, се вели во соопштението од Обвинителството.
Од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, како што се наведува, биле изработени две вештачења од кои се утврдила причинско – последичната врска помеѓу критичниот настан и смртта на Фросина Цековска, како и присуство на 1,23 промили на алкохол во крвта кај осомничениот во моментот на случување на сообраќајната несреќа.
Во текот на истрагата биле испитани и сведоци – очевидци на настанот кои се произнеле по однос на релевантни околности од критичниот ден од местото на настанот, а во својство на сведок – оштетен бил испитан законскиот застапник – таткото на сега починатата Фросина Цековска, додаваат во доопштението од Јавното обвинителство на РМ.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами