Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Крушево поднел обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – демнење.
Како што информира државното јавно обвинителство, од август 2023 до август 2025, обвинетиот „повторено неовластено ја следел и прогонувал неговата поранешна сопруга“.
-Се мешал во нејзиниот личен живот и воспоставувал несакан контакт, движејќи се во просторот каде што таа се наоѓала. Жената психички ја злоставувал, вознемирувал и застрашувал и со тоа предизвикал чувство на несигурност, вознемиреност и страв кај неа. Постојано телефонски ја контактирал и ја навредувал, повремено упатувајќи и закани по живот. Се обидувал да влезе и во нејзиниот дом, а ја следел и се појавувал и на нејзиното работно место во Центарот за социјални работи, соопшти ЈОРСМ.
Во текот на претходната постапка на обвинетиот му биле определени мерки на претпазливост кои не ги почитувал, па надлежниот јавен обвинител заедно со обвинението поднел и посебен предлог за определување мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
