Поднесено обвинение против главниот благајник на Ватикан поради сексуално насилство
Австралиската полиција денеска поднесе обвинение против Џорџ Пел, главен благајник на Ватикан поради сексуално насилство. Австралискиот кардинал Џорџ Пел е главен финансиски советник на папата Франциско и највисок католички духовник во Австралија. Тој е и највисок претставник на Ватикан обвинет за сексуално насилство.
Пел треба да се јави на суд на 18 јули.
Според полицијата, против Пел има голем број пријави, но не е прецизиран нивниот број. Католичката црква во Сиднеј негира обвиненија на австралиската полиција.
Во минатото биле поднесувани пријави во полицијата во врска со наводни сексуални насилства во австралискиот град Баларат во периодот 1976-1980 година кога Пел бил свештеник таму како и во источен Мелбурн од 1996-2001 година кога тој бил архиепископ. Минатата година Пел даде докази пред австралиската Кралска комисија за институционален одговор за сексуални насилства врз деца. Тогаш тој призна дека Католичката црква дозволила огромни грешки откако увидела дека илјадници деца биле силувани и сексуално малтретирани од свештеници на таа црква.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно