-->
-->
Поднесени 48 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер во Гевгелија
-->
До општина Гевгелија во текот на изминатава година биле поднесени вкупно 48 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и на сите било одговорено согласно законските рокови, информираа денеска од надлежната служба.
Од вкупниот број барања, 16 биле поднесени од физички лица од општина Гевгелија, а 32 барања од правни лица со седиште во Скопје. Барањата се однесувале на различни информации, програми и други документи од надлежностите на локалната самоуправа.
Според надлежните, ова претставува најдобра потврда за транспарентноста во работењето на општина Гевгелија чии што служби и понатаму ќе останат отворени за помош и соработка со сите граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска