Подната фонтана на плоштадот се враќа во функција по повеќе од 10 години запуштеност

По повеќе од една деценија запуштеност и неактивност, подната фонтана на плоштадот во Скопје повторно ќе биде ставена во функција. За проектот информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека градежните активности се веќе во тек и дека фонтаната наскоро повторно ќе стане едно од централните обележја на градот.
Според најавите, просторот околу фонтаната повеќе нема да биде транзит за возила и тешки товарни камиони, туку ќе се претвори во пешачка зона наменета за прошетки, фотографирање и урбана естетика.

Ѓорѓиевски наведе дека со ова продолжува процесот на враќање во функција на повеќе скопски симболи, меѓу кои „Лотосов цвет“, „Воин на коњ“, „Филип II Македонски“, „Олимпија“, „Паднати борци“, плоштадот „ВМРО“, како и „Вечниот оган“.
Проектот е дел од пошироки напори за, како што беше посочено, разубавување и модернизација на централното градско подрачје и враќање на препознатливиот изглед на Скопје.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
