Подметнат пожар во родната куќа на Бил Клинтон
Во куќата во која е роден поранешниот американски претседател Бил Клинтон, во сојузната држава Арканзас, е подметнат пожар.
Полицијата во градот Хоуп, каде се наоѓа двокатната куќа, соопшти дека огнот ја оштетил влезната врата, пред противпожарната служба да дојде и да го локализира пожарот.
Започната е истрага за инцидентот, но полицијата верува дека некој намерно го предизвикал пожарот, затоа што во дворот на куќата се најдени расфрлани средства што се користат за потпалување оган.
Полицијата открила и неколку графити, кои ја најавувале намерата да се опожари родната куќа на Бил Клинтон.
Еден возач, кој минал покрај куќата, забележал дека таа гори и веднаш ги повикал полицијата и противпожарната служба. Кога дошле пожарникарите огнените пламени достигнувале 2,5 метри, но брзата интервенција спречила куќата да биде уништена.
Во куќата во Хоуп, Клинтон ги поминал најраните години од своето детство. Од 2011 година, таа е ставена под заштита на државата.
Бил Клинтон беше 42-от претседател на САД, од јануари 1993 до јануари 2001 година.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра