Подгответе се за промена на времето и температурите
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголеми.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне и кон крајот на денот со зголемена облачност, а преку денот со слаб претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до осум степени.
Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои поинтензивни ќе бидат на запад каде на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува и слаб јужен ветер.
Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови каде што ќе достигне и до 50 сантиметри нов снег.
Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер.
Од понеделник се очекува стабилизирање на времето, но со позначително пониски температури. Најстудено ќе биде во вторник наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти до минус 15 степени.
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија