Подгответе се - нов снежен бран во Македонија
Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег во југоисточниот дел од земјава, а во крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во попладневните часови врнежите насекаде ќе престануваат и во текот на денот ќе се намалува и облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до четири степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до еден степен.
Од четврток облачноста постепено ќе се намалува. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и најниски се очекува да бидат под минус 10, а дневните за време на викендот ќе бидат во благ пораст. Во недела се очекува насекаде да бидат позитивни и да се движат од нула до пет степени.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет