Подготовки за Богојавление во Кратово и Ранковце
Општините Кратово и Ранковце се подготвуваат за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, а пријавувањето на сите што ќе учествуваат во чинот на вадење на крстот од осветените води, можат тоа да го сторат до утре, 17 јануари 2020 година.
-По повод големиот христијански празник Богојавление што се прославува на ден 19 јануари 2020 година, недела, на градскиот базен во Кратово со почеток во 11 часот, клирот од Кумановско-осоговската епархија на МПЦ ОА ќе се изврши Богојавленски водосвет, под покровителство на Општина Кратово. По тој повод се известуваат сите заинтересирани граѓани што сакаат да учествуваат во фаќање на благословениот крст за здравје, среќа и бериќет, можат да се пријават во просториите на општина Кратово најдоцна до утре, петок, до 15 часот и 30 минути. Сите заинтересирани при пријавувањето треба да достават и медицинска потврда за здравствената способност, информираат од локалната самоуправа во Кратово.
Општината за сите посетители на овој традиционален настан ќе обезбеди топли напитоци, а среќникот кој ќе го фати крстот, ќе добие награда.
Богојавленскиот водосвет во општина Ранковце ќе се реализира во Ранковска Река, со почеток во 11 часот и 30 минути.
-Пријавувањето на сите кои ќе учествуваат во чинот се врши до утре, до 15 часот и 30 минути.Општина Ранковце ги повикува сите граѓани да присуствуваат на настанот и да го омасоват празнувањето и чествувањето на празникот, рече градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника