Поддржувач на Трамп им се заканувал со мачета на две жени, приврзаници на Камала Харис

Против 18-годишен приврзаник на Доналд Трамп е покренато обвинение за закана со мачета од 60 сантиметри на две жени, приврзаници на Камала Харис, во Нептун Бич, Флорида, додека тие воделе кампања пред избирачко место, потврди полицијата.
Кејлеб Џејмс Вилијамс е обвинет за кривично дело напад врз лице над 65 години и за прекршок за прикажување опасно оружје.
Началникот на полицијата Мајкл Кеј Јуниор изјави дека Вилијамс, заедно со седуммина 16 и 17-годишници, во вторникот попладне стигнале до градската библиотека со намера да „протестираат и антагонизираат против ривалската политичка партија“.
Носејќи знамиња со Трамп, тие почнале да викаат на група поддржувачи на Камала Харис, а Вилијамс, според фотографија од сведок, заканувачки мавтал со мачетата, држејќи ја над главата.
Според шерифот Кеј, седумте малолетници во придружбата на Вилијамс најверојатно не извршиле никакво кривично дело, но истрагата е во тек.
Поддржувачите на Камала Харис биле две жени, едната на 71 година, а другата на 54 години. Вилијамс, кој е регистриран избирач на Републиканската партија, работи во ресторан како возач.
Тој е приведен, со кауција одредена од 55,000 долари. Доколку ја плати кауцијата, не смее да се приближи на ниту едно избирачко место поблиску од 300 метри, освен во случај кога гласа сам, но тогаш мора да носи наногица.
Минималната затворска казна за напад на постаро лице во Флорида е три години. Максималната казна е 15 години.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
