Поддршка од Полска за што поскоро пристапување на Северна Македонија во ЕУ
Северна Македонија треба што поскоро да стане членка на ЕУ. И покрај тоа што тој пат не тече толку лесно, треба да се забрза. Битно е да се биде внатре во Унијата и да се исполнуваат критериумите, а не од надвор, рече денеска заменик-претседателот на Сејмот и претседател на Полско-балканската парламентарна група Ришард Терлецски.
На денешната средба во Собранието меѓу пратеничките групи за соработка Полска - Северна Македонија, уште еднаш беше реафирмирана полската посветеност за што поскоро пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Како што истакна претседателката на Пратеничката група од полска страна, Анита Червињска, Полска за евроинтегративните процеси на Западен Балкан, особено за Северна Македонија, е едногласна и смета дека земјава треба да стане членка на ЕУ. Според неа, евроинтегративните процеси за регионот треба да бидат забрзани.
Во фокусот на средбата, како што информира собраниската прес-служба, беа продлабочувањето на билатералната и економската соработка, полноправното членство во НАТО, пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, уставните измени, проширувањето на ЕУ, како и форматот „Трите мориња“.
Делегацијата од Полска беше предводена од Терлецски, а покрај Червињска, присуствуваа и членови на Пратеничката група за соработка Полска-Северна Македонија. Од македонска страна, покрај Фаница Николоска, претседателка на Групата, беа присутни и членовите Марија Петрушевска, Јадранка Поцкова, Емилија Рамбабова и Мирослав Јовановиќ.
Претседателката на Групата, Николоска, изрази задоволство од реализација на средбата, која, како што напомена, е доказ дека двете држави долги години градат пријателски однос. Таа посочи и дека особено ја цени поддршката што Полска ѝ ја дава на земјава на евроинтегративниот пат, како и унапредување на соработката во оние области во кои имаме најголем интерес.
Средата финишираше со покана за возвратна посета на полскиот Сејм од страна на Терлецски, со цел продлабочена размена на искуства по конкретни прашања во делот на евроинтеграцијата.
Ново на Сител
-
Мали шанси за тет-а-тет средба Мицкоски-Мицотакис, официјална Атина сепак ќе се „жали“ за Преспанскиот договор
-
Почнува Самитот на НАТО во Вашингтон, Украина високо на агендата
-
Нова инвестиција: Вабтек го шири производството - 100 нови вработувања
-
Никој не се чувствува виновен за проневерата од 5 милиони евра за спортските ваучери
-
Затворски казни за обвинетите во „Синџир“ кои затајувале данок
-
Хаос пред ЈСП: Директорот и синдикатите се караа кој е виновен што автобус вчера удри во жардиниера
-
МОН го запре конкурсот за издавање учебници, отвори повик за сугестии за нови наставни програми
-
За репарирање на неотпакуваниот акцелератор во штипската болница ќе бидат потребни пари колку да се купи нов