Поддршка од Чешка за ЕУ, НАТО и за бегалската криза
Поддршката што Чешката Република и ја дава на Република Македонија во процесот на пристапување во ЕУ и во НАТО, мигрантската криза и билатералните односи, беа во фокусот на денешните разговори меѓу претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски и претседателот на Домот на пратеници на Парламентот на Чешка Јан Хамачек.
Претседателот на Собранието Вељаноски во изјавата за медиумите по средбата ја истакна, како што рече, принципиелната политика на безрезервна поддршка што ја води Чешка кога станува збор за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
- Уште еднаш истакнав дека што се однесува на евроинтеграциите на Македонија имаме целосен политички консензус и дека покрај апсурдното вето на нашиот јужен сосед што е во спротивност на сите меѓународни документи, меѓу кои и пресудата на Трибуналот во Хаг, сепак, се уште е голем процентот на граѓаните кои ја поддржуваат оваа наша стратешка определба, рече Вељаноски.
Во однос на бегалската криза претседателот на Собранието посочи дека Македонија вложува огромни напори, материјални средства, како и човечки ресурси да обезбеди хуманитарен третман на бегалците притоа почитувајќи ги меѓународните стандарди и принципи.
- Но, тука морам да напоменам дека и ние имаме обврска да се заштитиме од сите оние негативни последици кои доаѓаат со оваа река на бегалци и хуманитарната криза, а тоа во прв ред е тероризмот. Да биде парадоксот уште поголем кај нас овие бегалци доаѓаат од држава членка на ЕУ и бараат да заминат повторно во ЕУ. Тргнувајќи од тоа што на ниво на европските институции беше кажано дека за справувањата со кризата, но и за безбедноста треба максимална соработка меѓу државите, јасно истакнав дека на Република Македонија и е потребна материјална помош, рече Вељаноски.
Хамачек и неговиот домаќин претседателот на македонското Собрание оцениле дека билатералните, а во тие рамки и парламентарните односи се движат во една нагорна линија на сите нивоа. Сепак, има простор за нивно унапредување особено во економијата.
Претседателот на чешкиот Дом на пратеници Хамачек рече дека во Македонија е дојден заедно со парламентарната делегација поради три причини.
- Да го потврдиме одличното ниво на нашите билатерални односи, да и дадеме поддршка на вашата убава земја на патот кон ЕУ и НАТО и да зборуваме за мигрантската криза, рече Хамачек.
Знаеме, додаде, дека Македонија е многу засегната од тој проток на бегалци. Смета дека е добро тоа што Европа сака бегалската криза да ја реши на европско ниво бидејќи, како што рече, кризата не може да се решава на ниво на држави, туку заеднички.
- За ова прашање е клучна соработката меѓу Европа и Турција, а исто е потребно секоја држава да ги исполнува своите задачи, рече Хамачек.
Според него, Европа се најде во ситуација кога беше изненадена. - Чешка се труди да и помогне на Македонија. Тоа е скромна помош, но се надевам дека е добредојдена, рече Хамачек.
Претседателот на чешкиот Дом на пратеници имаше обраќање и пред членовите на македонскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена