-->
-->
Подароци за итните служби во Крива Паланка од општината
-->
Во пресрет на новогодишните празници градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и претставници од општинската администрација ги посетија итните служби и им доставија подароци од општината.

Традиционално,осма година по ред, Алексовски ги посети Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка, Територијалната противпожарна единица и итната медицинска служба и им врачи електрични апарати согласно претходно остварената координација за нивните потреби. Тој им ги честиташе празниците на вработените во дежурните служби упатувајќи благодарност за нивната посветеност.
- Итните служби чиишто вработени дежураат за време на празниците, а ќе бидат во приправност и за време на новогодишната ноќ добија пригодни подароци од локалната самоуправа на општина Крива Паланка. Овие служби не би требало да бидат пренатрупани со работа во најлудата ноќ, посакувам само да бидат зафатени вработените од Гинеколошко-акушерското одделение и да има што повеќе дечиња во следната година, рече Алексовски.
Градоначалникот се информираше за подготовките кои службите ги имаат направено за се да помине во најдобар ред на дочекот на Новата година и во текот на празничните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
