Под посебни епидемилошки мерки, почна учебната година во Црна Гора
– Новата учебна година започна денеска во Црна Гора, а наставата во основните и средните училишта е прилагодена на новите епидемиолошки мерки.
Според упатствата на Министерството за образование и Институтот за јавно здравје, задолжително е да се носат маски и да се почитува мерката за физичко растојание. Мерките предвидуваат дека не треба да има повеќе од 15 ученици во училницата истовремено, додека само еден ученик може да седи во една училишна клупа. Неопходно е да се одржи физичко растојание од најмалку два метра,а децата нема да имаат училишен одмор, туку паузи што можат да ги поминат во училница.
Мерките на Министерството предвидуваат часовите за учениците од основните училишта да траат 30 минути, најмногу четири часа, а за средношколците 30 минути со најмногу шест часа. Министерството појасни дека сите тестови за знаење, тестови, контролни и писмени задачи за сите ученици ќе бидат организирани исклучиво во училиштето, со почитување на мерките.
Учениците и наставниот персонал не смеат да доаѓаат во училиштето ако имаат симптоми на респираторна или цревна инфекција, треска, губење на чувство за мирис или вкус, итн., како и лица на кои им е издадено решение за карантин или домашна изолација.
Според Институтот за јавно здравје во Црна Гора, во моментов има 3.411 активни случаи на коронавирус, додека од јуни досега се регистрирани 160 смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
-
ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект