-->
-->
Почувствуван земјотрес во Скопје
-->
Земјотрес со епицентар 760 километри јужно од Скопје во Средоземно Море со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван денеска веднаш по полноќ во 00 часот и 43 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван и во нашата држава со интензитет од II -III степени според Европската макросеизмичка скала.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти