„Почудни нешта“: Сè што треба да знаете за петтата сезона

Пред повеќе од три години, обожавателите на популарната серија „Почудни нешта“ (Stranger Things) последен пат го посетија малото гратче Хокинс, Индијана, САД. Сепак, долгото чекање за последната сезона на еден од најголемите хитови на „Нетфликс“ конечно завршува.
Следи потсетување за Илевен („Единаесетката“ – ја глуми Мили Боби Браун), и нејзините пријатели, како и датумите за новите епизоди.
Имено, првите четири епизоди од петтата сезона на „Почудни нешта“ на „Нетфликс“ пристигнуваат в среда, на 26 ноември. И, тоа не е сè – на 25 декември следат епизодите 5., 6. и 7., а серијата завршува со осмата епизода, којашто ќе се прикажува на 31 декември, на Нова Година.
Колку ликови од серијата ќе го видат крајот – останува да се види.
Како заврши претходната сезона?
На крајот од четвртата сезона, тимот се раздвои, за да го поразат Векна. Илевен, всушност, го создала чудовиштето, користејќи ги своите моќи за да го испрати Хенри Крил низ димензии. Хенри претходно ја нападна во истражувачкиот центар каде што се спроведуваа експерименти врз неа и нејзините способности. Додека горел на пат кон алтернативната димензија („Превртениот свет“), тој се преобразил во Векна и подоцна се обидел да се врати преку Макс, кого го убил (накратко).
Иако неговите пријатели мислат дека го уништиле Векна, интервенцијата на Илевен за воскреснување на Макс му даде нова шанса за живот.
Границата меѓу алтернативната димензија и Хокинс се отвора – цветните ливади венеат, облаците потемнуваат, а небото е растргнато од црвениот сјај на молњата.
Кој е Хенри Крил? Осаменик без пријатели, тој не се вклопувал како дете кога неговото семејство се преселило во Хокинс, поради што го минувал слободното време на таванот, дружејќи се со пајаци. Ликот го глуми Хенри Кемпбел Бауер. Тој ги стекнал своите моќи откако бил пренесен во алтернативна димензија на 12 часа. За време на кобната семејна вечера, Хенри ги користи своите моќи за да ги убие своите родители.
Ова го привлекува вниманието на Националната лабораторија во Хокинс. Таму, д-р Бренер му ја доделува ознаката 001 – „Еден“, т.е. првиот субјект на истражување (по што и Илевен го добила нејзиниот број).
Бренер ги потиснува неговите моќи и се свртува кон другите деца во истражувачкиот центар.
Сепак, Хенри ги набљудува другите субјекти во експериментот, чека на вистинскиот миг и на крајот се спријателува со Илевен. Таа му помага да ги врати своите моќи, што завршува катастрофално – нивната борба води до тоа Хенри да стане Векна.
Зошто серијата е толку популарна?
„Почудни нешта“ е еден од најголемите „скапоцености во круната“ на „Нетфликс“ и еден од неговите први оригинални хитови од минатото десетлетие. Претпоследната, четврта сезона ја гледале повеќе од 140 милиони луѓе, што значи околу 1,8 милијарди часови гледаност, според стрим-компанијата
И како што расте популарноста на серијата, така расте и славата на нејзините претежно млади глумци. Мили Боби Браун, која дебитираше како „Единаесетката“ во 2016 година на само 12 години, стана една од најголемите млади ѕвезди во Холивуд, а Винона Рајдер двапати номинирана за „Оскар“, повторно – исто така, се најде во центарот на вниманието. Дејвид Харбор, кој го игра Џим Хопер, оттогаш влезе во светот на блокбастерите и филмовите на „Марвел“.
Во меѓувреме, „Почудни нешта“ доби и верзија во „Вест енд“. Театарската претстава „Прва сенка“ (The First Shadow) е хит на лондонската верзија на њујоршкиот театар „Бродвеј“.
МИА
Ново на Сител
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
-

Пратенички прашања: Судство, ИПАРД фондови, ЕУ интеграција
-

Мицкоски тврди дека Уставен го укинал линеарното покачување на пензиите, судот демантира
-

Апасиев ја свика постојаната Анкетна комисија за пожарот во Кочани
-

Во Македонија нема ниту еден политичар со интегритет, сметаат граѓаните
-

Агелер: 100% сум сигурна дека Владата работи напорно на интеграциите
