Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Вакцинацијата за сезонски грип почнува денеска и ќе се спроведува на 36 локации во државата. Досега за вакцинација од сезонски грип се пријавиле над 32.000 граѓани.
Во Скопје вакцинацијата ќе се одвива во Центарот за јавно здравје, во поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а во ИЈЗ само за здравствените работници.
Од Министерството за здравство информираат дека сите пријавени на сајтот добиваат смс порака порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација.
-Министерството годинава набави 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип, што е зголемување во однос на претходните години. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, соопштија од МЗ.
Во Центрите за јавно здравје и годинава се набавени и комерцијални вакцини против грип за заинтересираните граѓани кои не влегуваат во ризичните групи.
Ново на Сител
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
-

14-годишник возел мотор во спротивна насока, кога ја видел полицијата го оставил и избегал
