-->
-->
Почнува третиот „ДримОn“
-->

Дебати, работилници, изложби, проекции на филмови, концерти, дружење и поттикнување на размислувањата и делувањата на полето на уметноста и културата ќе бидат дел од третото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримОn“ што ќе се одржува од денеска до 26 јули во Струга под мотото „На мускули“.
„ДримОn“ става акцент на независната уметничка и културна сцена, на новите движења, на активизмот и граѓанското делување. Ги обединува добрите и корисни иницијативи кои имаат за цел да го раздвижат и поттикнат културното живеење во Струга.
Како што информира организаторот Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА), првите три фестивалски денови ги почнува колективот на „Кула“ со т.н. реди мејд работилница (принцип на изразување карактеристичен за визуелните уметности) чија идеја е вмрежување млади луѓе заинтересирани за алтернативните начини на употреба на секојдневните предмети. За денеска се предвидени изложби на Наталија Башоска, Никола Матоски и Викторија Попоска, проекција на филм на Јане Алтипармакови и концерт на PMG Kolektiv, за утре изложби на Горан Дачев и Горан Менков, проекција на кратки филмови на студенти од ФДУ и диџеј сет на Александар Гавровски, а за петок работилница што ќе ја одржи модната дизајнерка Ирина Тошева, промоција на книгата на Ана Јовковска и претстава во режија на Игор Трпче.
Викендот почнува со танц работилница за млади под водство на Сабрина Железник, а ќе има и предавање на Владимир Јанчевски, како и изложби на Дарко Алексовски, Дарко Петрушев и Алма Идризи. Последниот ден е резервиран за видео перформанс на Весна Дунимаглоска и изложба на Давид Василев - Даво.
За време на целиот фестивал ќе има и Саем на книга на кој ќе уќествуваат издавачките кужи „или-или“, „Магор“, „Темплум“ и „Блесок“, како и Базар на уметнички производи.
Организаторите посебно го најавуваат концертот во сабота на култната група „Телонаука совршена“ кои ќе свират по 23 години пауза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
