Почнува судењето на обвинетите за тероризам на денот на парламентарни избори во Црна Гора
Во Подгорица денеска почнува судењето на обвинетите за обидот за тероризам на денот на парламентарните избори во Црна Гора, на 16 октомври минатата година, а Врховниот суд овозможи директен телевизиски пренос од оваа постапка, јави Танјуг.
Кабинетот на претседателката на Врховниот суд, Весна Меденица, соопшти дека ќе се обезбеди јавност на постапката против обвинетите заради кривичниот дел создавање криминална организација и кривичниот дел тероризам во обид.
Ваквата одлука претседателката на Врховниот суд на Црна Гора ја донела ценејќи ја неопходноста главните претреси во овој предмет да бидат следени со аудио-визуелно снимање во текот на целата постапка, а имајќи предвид дека кривично-правниот случај се однесува на настан за кој се води постапка против повеќе лица, со цел заштита на најважните општествени вредности, и тоа уставното уредување и безбедноста на Црна Гора и добрата, заштитени со меѓународното право, а кои го покрена највисокиот степен на интерес на јавноста.
Одлуката е донесена со почитување на принципот на правото на правично судење и гаранција за јавност на судските постапки.
Судењето ќе трае и на 20 и на 21 јули.
За обид за тероризам се обвинети лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ.
Освен нив, на обвинителниот акт на Специјалното државно обвинителство се и руските државјани Едвард Шишмаков, Владимир Попов, возачот на Мандиќ, Михаило Чаѓеновиќ и девет српски државјани, меѓу кои е и поранешниот шеф на српската Жандармерија, Братислав Дикиќ.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога