Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање
Со богослужба во белградската црква Свети Сава денес почнува седницата на Соборот на СПЦ (СПЦ), нејзиното најважно тело, на кое покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање, јави дописникот на МИА од Белград.
Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“.
-Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, соопшти Бета.
Во пресрет на седницата на Соборот, како што дознава Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ.
Во краткото официјално соопштение на СПЦ не се споменуваат никакви теми, освен доставување извештаи од епархиите и црковните органи, но Косово е редовна тема и се очекува така да биде и на овој Собор, кој според практиката заседава зад затворени врати.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија