-->
-->
Почнува самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес
-->
Шестиот самит на држави од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес почнува денеска во Познањ во Полска, која претседава со процесот. Во рамки на самитот денеска ќе има форум, а утре и Бизнис форум ЕУ-Западен Балкан и Форум на цивилното општество.
Берлински процес и Самит на земјите од Западен Балкан годинава ќе се одржи до 5 јули. Тоа е иницијатива што поддржува регионална соработка на Западен Балкан и ја дополнува политиката на проширување на Европската унија.
– Конференцијата организирана во рамките на Берлинскиот процес претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сенк.
Тој додаде дека целосна европска интеграција е можна само ако граѓаните се вклучени во процесот.
Во процесот се шест партнери од Западен Балкан, Европската комисија, одделни земји на ЕУ, меѓународни финансиски институции, меѓународни и регионални организации.
Полска се приклучи на процесот во 2018 година, а во 2019 година го предводи тој процес.
Претходните самити се одржаа во Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017) и Лондон (2018).
Берлинскиот процес е покренат од страна на германската Влада во 2014 година. На овогодинашната конференција, како што претходно беше најавено, ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.
Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц во петокот изјави дека е предвидена и заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Северна Македонија, Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија