Почнува последната недела од серијата инфо – денови за ИПАРД 2

Почнува последната недела од серијата инфо – денови организирани од страна на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Според програмата, утре инфо – денови ќе се одржат во Виница (11:00) и Делчево (15:00), задутре во Сарај (10:00) и Брвеница (14:00), на 7 ноември во Крушево (11:00), а на 8 ноември во Кратово (11:00).
Претставени ќе бидат мерката 3 „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“ и мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Клучен фокус е мерката 7 зашто сѐ уште има отворен повик, поточно Повикот број 01/2019 кој трае до 18-ти ноември 2019.
Изминатите инфо-денови се реализира во октомври и покрија голем дел од државата, од Сопиште до Дојран и од Петровец до Вевчани, на 14 различни локации.
Претставници на Министерството и Платежната агенција во рамки на кампањата за публицитет на ИПАРД 2014-2020 на веќе одржените 14 инфо – денови ги информираа граѓаните и заинтересираните за можностите за искористување на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Ново на Сител
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
