Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици
Матурантите кои не ја положија државната матура во јуни денеска ќе го полагаат првиот, задолжителен екстерен испит - мајчин јазик и литература. На 14 август (четврток), пак, е полагањето на вториот, изборен екстерен испит од државната матура во августовската испитна сесија.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици. Тестот по мајчин јазик денеска ќе го полагаат: 352 - македонски јазик, 225 – албански јазик и девет кандидати – турски јазик.
За полагањето задутре се пријавени: за англиски јазик - 779, еден ученик ќе полага француски јазик, двајца – германски јазик, 27 – математика и еден матурант е пријавен да го полага испитот по естетика.
Според видот на образование, од гимназиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 матуранти од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.
МОН и ДИЦ минатата недела ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни кои се подобри од минатата учебна година. Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.
Пријавени за полагање во јунскиот рок беа 15 004 ученици. Поради обиди за препишување, употреба на електронски уреди и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици и тие ќе може повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.
МИА
Ново на Сител
-
Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“
-
Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
-
Три активни пожари - во Јасен, Студеничани и Липково
-
Кривична против 43-годишник од Скопје, физички нападнал едно лице со нож во хотел
-
Прегазен 74-годишник во Тетово, возачот побегнал од местото на настанот
-
Сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и автобус, повредени пет лица, едно лице со тешки телесни повреди
-
Вчера 596 санкционирани возачи за возење со брзина поголема од дозволената
-
Пожар од запалена цигара оставена на душек во Кавадарци