Почнува неофицијалниот дел од 54. Струшки вечери на поезијата
Со работилница за деца „Како настанува книгата“ денеска почнува неофицијалниот дел од програмата на 54. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, чиј официјален дел ќе се одржи од 26 до 31 август во Струга.
Во рамките на fестивалската програма, вечер ќе биде отворена неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата, што ќе се реализира во соработка со Фестивалот на поетски филмови „Зебра“ од Берлин. Покрај изборот од неколку кратки поетски филмови ќе биде прикажан и документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на добитникот на Златниот венец за 2014 година, корејскиот поет Ко Ун.
На фестивалската програма утре ќе се одржат книжевни промоции на македонската поетска продукција.
Официјалниот дел од Фестивалот ќе почне в среда, со традиционалното засадување дрвце во Паркот на поезијата, во чест на лауреатот, кинескиот поет Беи Дао, читање на Константиновата Т`га за југ, а годинава поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис, кој ќе се обрати во име на сите поети учесници и лауреати на Златниот венец кој годинава одблежува 50 години.
Традиционално на затворањето на маниестацијата „Мостови“ ќе бидат врачени наградите „Златен венец“ на кинескиот лауреат Беи Дао, „Мостови на Струга“ – за дебитантска поетска книга на млад странски автор на Паула Бозалонго од Шпанија и на македонскиот поет кој ќе ја добие наградата „Браќа Миладиновци“.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет