Почнува најголемиот саем за воена опрема во Абу Даби
Од 20 до 24 февруари Обединетите Арапски Емирати и градот Абу Даби ќе бидат домаќини на шеснаесеттата меѓународна изложба на оружје и воена опрема „IDEX 2023“ и седмото издание на Поморската воена изложба“ NAVDEX 2023“ - најголемите настани од таков вид во светот, каде се прикажуваат најновите иновации и технологии во меѓународниот одбранбен сектор, како и најновите технологии и опрема развиени од одбранбените сектори ширум светот.
Во петте саемски дена ќе бидат претставени експонати на 165.000 квадратни метри отворен и затворен простор во рамките на Националниот изложбен простор. Ќе учествуваат 1.350 излагачи од 65 земји, како и 82 старт-ап компании од 25 земји, најавија организаторите.
На настанот ќе присуствуваат 350 делегации на високо ниво од целиот свет, како и бројни лидери, претставници од меѓународни одбранбени и безбедносни компании и експерти од целиот свет.
Организаторите проценуваат дека ќе има повеќе од 130.000 посетители, со што ќе се урне рекордот од претходното издание на саемот.
Повеќе од 30 земји ќе имаат свои национални павилјони, а традиционално најголем павилјон ќе бидат Обединетите Арапски Емирати, додека Турција е веднаш зад нив.
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава