Почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“
Со претставата „Лажговци во неволја“ од денеска на отворената сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.
Претставата „Лажговци во неволја“ од Ентони Нилсон е во режија на Здравко Митков и во продукција на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија, Република Бугарија.
За време на фестивалот ќе бидат изведени седум претстави од Македонија и странство.
Фестивалот има натпреварувачки карактер и ќе бидат доделени четири парични награди за најдобра режија, најдобра машка и женска улога и гран при за најдобра претстава. За наградите ќе одлучува тричлена жири комисија.
Сите претстави почнуваат во 21 часот, а влезот е бесплатен.
Годинава, фестивалот се одржува по четврти пат со што прерасна во традиционална манифестација. Фестивалот го организира Театар Комедија со финансиска поддршка од Општина Аеродром и Министерството за култура
Ново на Сител
-
Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“, побарана помош од соседните општини
-
Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп
-
Милевски: Имаме максимален респект за Лихтенштајн
-
Сијарто: Нема да поддржиме членство на Украина во ЕУ, не нè интересира што мисли Москва за тоа
-
Што ја гуши Преспа со Ана Каранфилова Мазневска | Неформално | Sitel Podcast 113
-
Вучиќ: Декларацијата на Хрватска и Словенија е непријателска кон Србија
-
Турција започна сериско производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“