Почнува Меѓународниот фестивал на филмска монтажа

Во кино „Милениум“ вечер од 20 часот ќе биде отворен Меѓународниот фестивал на филмска монтажа „Синематик“ кој го организира Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ-соработници на Македонија со поддршка од Агенцијата за филм. Фестивалот ќе биде отворен со македонска премиера на албанско-италијанско-македонската копродукција „Скршено“ (Broken) во режија на Едмонд Будина.
Тридневниот фестивал „Синематик“ ги става во фокус монтажерите, направен е во нивна чест и се обидува да им го обезбеди заслуженото место во светската филмска уметност.
- Некои велат дека филмот се создава три пати: на хартија, при снимањето и при монтирањето. Монтажерот поставува темпо и ритам, диктирано од редоследот на кадрите и тајмингот на приказната. Се вели дека добриот рез треба да е невидлив. Ова е прашање на проценка. Сепак, во никој случај креаторите на тие резови и правилата на нивната уметност не смеат да останат невидливи, наведува организаторот.
Фестивалот доделува награда за животно дело на еден монтажер. Во негова чест се прикажува избор од филмови од неговиот опус пред публиката и се нуди можност публиката да постави прашања на лауреатот за неговиот специфичен стил и неговата работа низ децениите.
Наградата за животно дело за монтажа утревечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе му биде врачена на годинашниот лауреат Андрија Зафрановиќ и во негова чест ќе биде прикажан филмот „Уставот на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ. Зафрановиќ претходно истиот ден во 11 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе одржи мастер-клас.
Покрај „Скршено“ и „Уставот на Република Хрватска“, во официјалната програма на фестивалот се уште четири филма: „Хармс“ во режија на Иван Болотников; „Лето 1993“ на Карла Симон, „Генерација Милениум“ во режија на Јана Биргелин и „Центарот на мојот свет“ на Јакоб Ерва.
За главната награда „Златен рез“ за најдобар монтажер ќе одлучува тричлено жири во состав: Миле Петковски, претседател, Благоја Неделковски и Ванчо Мираковски, членови.
Ново на Сител
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
-

Основање на Кинеско - македонска стопанска комора
