Почнува ликовната колонија „Љубанци 2016“
Од денеска почнува шестата ликовна колонија „Љубанци 2016“ на која ќе учествуваат 20-тина ликовни уметници од земјава и странство.
За една недела, колку што ќе трае колонијата, се очекува да бидат создадени околу 30 уметнички слики главно со мотиви од старата љубанска архитектура и убавините на Скопска Црна Гора. И годинава, неколку уметници ќе работат скулптури во дрво.
Од домашните уметници ќе учествуваат Данчо Ордев, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Јагода Петковска, Орце Гогов, Виолета Ристовска, Харалампие Манчев и други, а најавено е учество и на уметници од Белград, Крагуевац и Ниш.
Во четврток е планирано да се одржи детски ликовен ден кога 20-тина талентирани ученици од основните училишта од општина Бутел ќе творат заедно со ликовните уметници.
Организатор на колонијата е општина Бутел заедно со Здружението на ликовни педагози на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип
-
Утрово Иран започна четврти бран напади врз Израел
-
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
-
Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ
-
Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот за нуклеарната програма
-
Сончево и топло, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец
-
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО