Почнува караванот „Купи куќа, купи стан“
Стартува Караванот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.
Презентации ќе се одржат во 17 часот во театарот во Гевгелија, Домот на културата во Валандово и во општината во Дојран.
Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои Велес, Свети Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.
Покрај ова, граѓаните за овие два проекта може да се информираат и во подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“ кои се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи, додека во Неготино, Демир Хисар, Делчево и Крушево во подрачните единици на Управата за јавни приходи.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски