Почнува изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш
Градежните работи за изградба на експресен пат Штип - Радовиш ќе почнат денеска.
На настанот организиран по повод почнувањето на градежните работи ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.
Компанијата „Штрабаг“ е избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој.
Таа доставила најниска понуда во вредност од околу 27 милиони евра за изградба на патниот правец во должина од 23,5 километри. Новиот експресен пат ќе има две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метри.
Изградбата на овој експресен пат, кој ќе овозможи побрз транспорт на патници, но и на земјоделските производи од струмичкиот и радовишкиот регион треба ад заврши во рок од три години, а новата траса ќе почнува од клучката за штипскиот затвор и село Софилари до клучката кај радовишкото село Бучим.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка