Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според информациите на ДИК, ќе ги следат 1 569 набљудувачи, од кои 904 домашни и 651 меѓународни, а акредитирани за известување од изборите се и 14 странски новинари.
На 2 ноември в недела прегласување за членови на Совет ќе има на три избирачки места во општината Шуто Оризари, каде што е можно теоретски да се влијае за избор на мандатите за советници.
Во Градот Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да се изјаснат за кандидатот Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица. Во првиот круг од изборите во Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, додека, Мециновиќ 30 665 гласови.
Втор круг од локалните избори ќе има и во скопските општини Карпош, Центар, Аеродром и во Шуто Оризари.
Интересна изборна битка се очекува во Карпош каде противкандидати се актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски и кандидатот поддржан од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски. Тој во првиот круг од изборите освои 10 284 гласови, додека Јакимовски 8 761. Во првиот круг од изборите во оваа општина имаше уште тројца кандидати кои имаа нешто под и над 3 000 гласови. Во Карпош, според Избирачки список, право на глас имаат 56 856 избирачи.
Во скопската општина Аеродором во вториот круг противкандидати се Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг од изборите доби 16 357 гласови, и Александар Трајановски од СДСМ со 6 881 глас. Во оваа скопска општина право на глас имаат 68 772 избирачи.
Во Центар Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, кој во првиот круг од изборите освои 5 707 гласови и Горан Герасимовски поддржан од коалицијата на СДСМ, кој освои 8 535 гласови. Тука треба да гласаат 44 109 гласачи.
Противкандидати во вториот круг од Локалните избори во Шуто Оризари се Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој во првиот круг од изборите освои 1 841 глас и Курто Дудуш од Унија на Ромите со 3 223 гласови. Таму, според Избирачки список, гласаат 23 893 избирачи.
Втор круг на гласање на 2 ноември ќе има и во Боговиње, каде во вториот круг на изборите се Бесник Емши од НАИ и Фети Абази од Влен. Право на глас во оваа општина имаат 29 088 избирачи.
Во Брвеница во изборна трка за градоначалник се влезени Хаќим Рамадани од Влен и Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Таму гласаат 16 150 избирачи.
Во Општина Валандово ќе се гласа за Перо Костадинов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Ѓоко Камчев од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ, а во Избирачки список се запишани 9 846 избирачи.
Во Виница за Гоце Милевски од СДСМ и Митко Костадиновски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе може да гласаат 17 060 гласачи запишани во Избирачкиот список.
Во Дебар во недела ќе се гласа за Фисник Меља од Коалицијата ВЛЕН и Рамадан Имери од Група избирачи. Во Избирачкиот список се запишани 19 763 гласачи.
Во Општина Дебрца противкандидати се Златко Силјановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ногачески од Група избирачи, а право на глас имаат 3 937 избирачи.
Во Демир Капија ќе се гласа за Лазар Петров од Коалицијата поддржана СДСМ и за Борчо Коцев од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таму гласаат 3 186 избирачи.
Во Кичево, каде што во Избирачкиот список се запишани 51 016 гласачи, „изборната битка“ ја водат Фатмир Дехари од НАИ и Александар Јовановски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Конче ќе се гласа за Благој Илиев од Коалицијата предводена од СДСМ и Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ. Таму гласаат 2716 гласачи.
Во Кочани во изборната трка се Влатко Грозданов од поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Венко Кртевски од Група избирачи. Тука, право на глас имаат 32 503 гласачи.
Во Општина Крушево – за Томе Христовски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Нико Чонески од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ право на глас имаат 7 774 гласачи.
Во Општина Куманово94 041 гласачи ќе можат да изберат помеѓу Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Горан Стојковски-Диро од Група избирачи.
Во Општина Лозово во трка за градоначалничкото место се Ацо Велковски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Бошко Цветковски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. На Избирачкиот список има запишано 1 905 гласачи.
Во Општина Македонска Каменица кандидати во вториот круг се Соња Стаменкова од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Димчо Атанасоски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ за кои ќе можат да гласаат 6 650 гласачи.
Во Општина Македонски Брод – Жарко Ристески од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Милосим Војнески од Група избирачи ќе се обидат да ги освојат гласовите на 4 835 гласачи.
Во Општина Могила за Драганчо Саботковски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Пивковски од Група избирачи ќе можат да гласаат 4 671 гласач.
Во Општина Неготино двајцата кандидати се Петар Мантев од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Марија Нацева од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. На Избирачкиот список се запишани 15 920 гласачи.
Во Општина Пробиштип – 12 251 гласачи ќе бираат помеѓу Драган Атанасов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Тони Тоневски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ.
Во Општина Ранковце – Даниел Крстевски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Даниел Павловски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат да ги добијат гласовите од 2 921 гласач.
Во Општина Росоман ќе се гласа за Стојан Николов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Ѓорѓи Крстевски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. На Избирачкиот список се запишани 3 297 гласачи.
Во Општина Струга ќе се води градоначалничката трка помеѓу Арсим Даљипи од НАИ и Менди Ќура од Група избирачи, каде што се запишани 62 711 гласачи.
Во Општина Студеничани – Ејуп Абази од НАИ и Азем Садики од Група избирачи ќе се борат за гласовите на 17 946 гласачи од Избирачкиот список.
Во Општина Тетово ќе се гласа помеѓу Бајрам Реџепи од НАИ и Биљал Касами од Коалицијата Вреди. Тука право на глас имаат 87 878 гласачи.
Во Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Јорданче Костадинов од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат да ја освојат довербата на 5 068 гласачи.
Во Општина Чучер Сандево ќе се гласа помеѓу Сашко Комненовиќ од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Зоран Бајовски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Тука, право на глас имаат 8 854 гласачи.
Во четирите општини за избор на градоначалник каде што беше констатирано дека нема цензус од минимум една третина излезеност на гласачите - Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, ќе има нова изборна постапка за избор на градоначалници која ќе почне по завршувањето на локалните избори, односно по објавувањето на конечните резултати од локалните избори.
МИА
Ново на Сител
-

Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ
-

Тема на денот со Томе Христовски, кандидат за градоначалник на Крушево од СДСМ
-

Вечерва завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје
-

Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-

Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-

Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-

Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-

Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари
