Почнува алтернативниот фестивал „Џојфест 2017“ во Крива Паланка
На плоштадот Карпошово востание во Крива Паланка, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи шестиот по ред фестивал на алтернативна музика „Џојфест“.
Од организацискиот одбор на фестивалот и локалната самоуправа на Крива Палака, која е покровител на настанот, најавија одлична програма и ги поканија жителите на општините од Североисточниот регион, од Македонија и соседството, да присуствуваат на спектаклот за кој се задолжени главните ѕвезди на вечерта, Игор Џамбазов и „Гуру Харе“, како и Тамара Тодевска.
- Програмата ќе ја надополнат „The black vice&Social club“ и Ки. Градот е подготвен за бројните посетители кои ги очекуваме, љубители на добра музика и забава, која ќе трае до раните утрински часови. Пред -група која ќе ја отвори програмата се младите музички таленти од градот, рок-составот „Дупло-дно“, истакна Александар Михајловски, уметнички директор на фестивалот.
Ново на Сител
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови